Кривична за Исен Шабани, градоначалникот на Врапчиште, за злоупотреба на службена положба и овластување

Градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани, кадар на Алијансата за Албанците, заработи кривична пријава од Управата за финансиска полиција за стореното кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување”.

Како што информираа од таму истата е доставена до Основното јавно обвинителство Гостивар.

-Пријавениот И.Ш., во текот на 2025 година, ги пречекорил границите на своето службено овластување и постапил спротивно на член 157 став 1 од Законот за јавни набавки (Сл. Весник на Р. Македонија бр.24/2019 од 01.02.2019 година), на начин што склучил Договор за набавка на работи – Реконструкција на локален пат во Добридол од центар на селото до вкрстување со сервисниот пат покрај државниот пат А2 делница Тетово – Гостивар бр. 0507-219/17 од 03.04.2025 година со избраниот економски оператор без да ја дочека конечната одлука по поднесена жалба од Државна комисија за жалби по јавни набавки согласно која одлуката за избор била поништена.

И покрај ваквата одлука од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки, пријавениот извршил плаќање по однос на склучениот договор на правното лице во вкупен износ од 11.848.675 денари, со кои дејствија му овозможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист за наведениот износ, велат од таму.

Фото: Општина Врапчиште

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести