Денеска во Виена, Австрија, со првата полуфинална вечер започнува 70. издание на Евровизија.
Годинава поради учеството на Израел, кој од Советот за човекови права на Обединетите Нации, но и од бројни меѓународни организации како Амнести интернешенел, е обвинет дека извршил геноцид врз палестинскиот народ во Појасот Газа, Палестина, нема да учествуваат дури пет земји – Словенија, Шпанија, Ирска, Холандија и Исланд.
За земјата има и тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.
Па, оваа издание ќе биде со најмалку учесници од 2004 година – 35.
Државните телевизии на Словенија, Шпанија и Ирска нема да ни да го пренесуваат музичкиот настан.
Државната телевизија на Словенија, РТВС, во термините кога ќе се одржува Евровизија ќе емитува серија филмови ‘Гласовите на Палестина‘, која вклучува палестински играни и документарни филмови.
Иако Евровозија се преставува како неполитички настан, изминативе години и те како бевме сведоци дека на Евровизија има многу политика и многу често музиката беше во втор план.
Да потсетиме и дека поради нападот на Украина, на Русија пред неколку години и беше забрането настапување.
Истата годинава ќе се одржи од 12 до 16. мај.
Македонија не настапува неколку години.
Фото: Унсплеш














