Македонците се Македонци ѝ порача на бугарската колешка Муцунски

Новата бугарска министерка за надворешни работи, Весислава Петрова Чамова, избрана пред некој ден, провоцираше уште со првата изјава во врска со Македонија.

Наместо македонски партнер, таа во изјава за бугарските медиуми употреби термин “северномакедонски„.

На тоа реагираше нејзиниот македонски колега Тимчо Муцунски, кој преку статус на Фејсбук и објасни дека користењето на тој термин е неточно и несоодветно.

-Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ.

Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит, напиша тој.

Муцунски ја демантираше бугарската колешка дека со неа имал средба во Брисел на маргините на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија, како што изјави таа за бугарските медиуми.

-Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува „средба“, тогаш денес навистина имавме многу „средби“, пишува тој и посочува дека и кажал на колешката дека се надева наскоро навистина да имаат средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Усен демарш за бугарскиот амбасадор во Македонија за „северномакедонски“

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести