Поради провокацијата на новата бугарска министерка за надворешни работи, Весислава Петрова Чамова, која во изјава наместо македонски употреби “северномакедонски“ партнер вчера на бугарскиот амбасадор во Македонија, Жељазко Радуков, во македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) му бил упатен усен демарш во врска со употребата на терминот, информираа од МНР.
„На средбата му е упатен усен демарш во врска со несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Весислава Петрова Чамова, која во својата изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на Европската унија употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, користејќи го изразот ‘северномакедонски партнери’“, велат од МНР.
Претходно на изјавата на Петрова Чамова, реагираше и нејзиниот македонски колега Тимчо Муцунски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците се Македонци ѝ порача на бугарската колешка Муцунски














