Грција ќе пушта патници од сите држави без проверка, ако повремено го суспендира систем за влез и излез ЕЕС

Директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ за српскиот национален сервис РТС го кажа тоа што веќе беше познато, но се изгуби во бројните непроврени информации во македонските и српските медиуми – ако соседна Грција за време на летниот период повремено го суспендира систем за влез и излез (ЕЕС) на нејзините гранични премини, тоа ќе го прави за патници од сите држави, кои во тој момент се нашле на граница.

Сеничиќ вели дека фотографирањето и земањето отпечатоци од прсти не може да се врши на национална основа.

Според него евентуално суспендирање на ЕЕС би имало во јуни, јули и август, од по неколку часови, кога ќе има застои на грчките граници.

Како индикатор за зголемен метеж, веќе се земаат предвид неколку колони со неколку автомобили, кога има бавен проток на сообраќај, посочува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе патуваат ли летово и македонските граѓани во Грција без биометриска проверка на границата?

Грција, Португалија и Шпанија најверојатно преку летово ќе го суспендираат системот за влез и излез за да си ја спасат сезоната

Хрватска нема да го олесни влезот и излезот од земјата за летна туристичка сезона

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести