Колку изнесува просечната нето-плата во јавните здравствени установи

Просечната вкупна нето-плата на ниво на сите јавни здравствени установи во декември лани изнесувала 50.039 денари, додека просечната нето основна плата е 37.660 денари, покажува анализата за учеството на додатоците во вкупната бруто-плата и буџетската реализација во сите јавни здравствени установи на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Анализата опфаќа 18.872 вработени во 12 типа на јавни здравствени установи.

Највисок удел на додатоци има во установите со непрекинат 24-часовен режим на работа.

На Универзитетската клиника за државна кардиохирургија има удел на додатоци од 40,66 отсто, во Клиничката болница во Штип – 37,83 отсто, на Универзитетскиот институт за радиологија – 37,67 отсто, а во општите болници со проширена дејност во просек 38,92 отсто.

Превентивните установи и поликлиниките имаат удел на додатоци под 15 отсто, поради работа во редовно работно време без дежурства.

Во 2025 година бројот на вработени во јавното здравство се приближува до 19.000, со очекување тој да биде надминат во текот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.822 вработени во јавните здравствени установи за 2,1 милиони евра ги тужат своите работодавачи

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести