(Видео) Четири лица загинаа во сообраќајка кај скопската обиколница

Четири лица загинаа синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на обиколницата Радишани-Приштина-Мирковци.

Засега нема официјални информации од надлежните институции, а според тоа што го пренесуваат повеќе медиуми сообраќајката се случила помеѓу возило “бмв“, неофицијално, со скопски, и камион, неофицијално, со косовски регистарски таблички.

Како што пренесе Алсат М, возачот на камионот преживеал, а според првичните неофицијални информации кои ги објави телевизијата, сомнежите се дека тој ја изгубил свеста од замор, па преминал во спротивната лента и го предизвикал сударот.

Од силниот удар автомобилот веднаш се запалил, а четирите лица во него не успеале да излезат.

Телевизијата објави и видео од местото на несреќата, кое може да го погледнете ОВДЕ. Видеото е вознемирувачко!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И четвртата жртва е 20-годишно момче: МВР го идентификуваше загинатиот во сообраќајката кај скопската обиколница

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син се меѓу загинатите во сообраќајката кај скопската обиколница

Двајца 20-годишници и еден 51-годишник се загинатите во сообраќајката кај скопската обиколница, четвртиот загинат не е идентификуван

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести