Оперскиот пејач и првенец на Националната опера и балет (НОБ), Ристе Велков (51), и неговиот син Адам Велков (20) се меѓу загинатите во синоќешната страшна сообраќајна несреќа која се случи на обиколницата кај Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучката Мирковци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Kолегите на Велков на социјалните мрежи се збогуваат од него.
Во сообраќајката загина и П.М. (20), а четвртото лице се уште не е идентификувано.
Ристе Велков го управувал возилото „бмв“ во кое удрил камион “ман“ со полуприколка, откако возачот загубил контрола врз возилото, и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот, и директно удрил во возилото „бмв“.
76-годишниот возач Б.Б. на камионот од Косово, е приведен.
Велков беше еден од водечките македонски баритони кој заслужено го носеше епитетот – италијански баритон со кадифена боја.
Роден е во 1975 година во Скопје.
Во текот на неговата кариера има реализирано 26 улоги. Во неговиот репертоар има остварено повеќе од 15 водечки улоги во опери како „Набуко“, „Риголето“, „Магбет“, „Травијата“…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Четири лица загинаа во сообраќајка кај скопската обиколница
Фото: Велков/Фејсбук














