Комисијата за заштита на конкуренцијата констатираше повеќе неправилности и постапувања спротивни на одредбите од законот, особено во делот на регулирање на договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи, информираат од таму.
„Меѓу утврдените неправилности се непостоење на писмени договори за откуп, користење договори кои не ги содржат задолжителните елементи предвидени со законот, неусогласеност на договорните одредби со законските обврски,“ велат од таму.
Комисијата апелира до сите учесници во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските одредби, со цел обезбедување фер, транспарентни и рамноправни деловни односи, како и заштита на земјоделците и останатите добавувачи од нефер трговски практики.
Фото: МЗШВ














