Две лица на возраст од 20 години и едно лице на возраст од 51 година се загинатите во синоќешната страшна сообраќајна несреќа што околу 23 часот се случила на обиколницата кај Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучката Мирковци.
Четвртиот загинат се уште не е идентификуван.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Четири лица загинаа во сообраќајка кај скопската обиколница
Станува збор за А.В. (20), П.М. (20) и Р.В. (51), сите од Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). Сите загинале на лице место.
До несреќата дошло откако возач на камион „ман“ со полуприколка, со косовски регистарски ознаки загубил контрола врз возилото, и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот, и директно удрил во возилото „бмв“, во кое биле загинатите, а го управувал Р.В..
Камионот го управувал Б.Б. (76) од Косово, кој е приведен.
Од сударот настанал пожар во двете возила. Патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Телата на загинатите се предадени на обдукција.
За возачот на камионот, кој е задржан во полиција, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














