ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска – 20 декември 2025, од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови, велат од компанијата.

Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за Истанбул, Осло и Баден-Баден. Согласно временската прогноза која ни стигнува од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта.

“Бидејќи временските услови се менуваат постојано, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанијата со која летаат.

За патниците и јавноста би сакале да појасниме дека Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен. Аеродромот е постојано отворен, без разлика на временските прилики, а нашиот персонал е подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците

.На веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/, сите промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време, како што информациите стигнуваат во нашите системи.

Нашиот пулт за информации работи 24/7 со персонал кој е присутен на аеродромот, а нон-стоп работи и нивната телефонска линија, со број: 02 3148 333, каде што патниците можат да се информираат за статусот на нивните летови,” се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести