Телефоните во ќелијата на обвинетиот Џеваир Камбери не биле негови, се јавил вистинскиот сопственик, вели неговиот адвокат

Телефоните и лаптопот за кои на минатато рочиште за трагедијата во Кочани, судијката Диана Груевска Илиевска информираше дека се пронајдени во ќелијата на обвинетиот во случајот, Џеваир Камбери, кој е во притвор, не биле негови, кажа на денешното рочиште неговиот адвокат Насер Рауфи.

Според него бил „детектиран“ вистинскиот сопственик, кој се пријавил сам.

Камбери е во притвор во затворот Скопје, а е обвинет како советник во Министерството за економија.

Тој е е единствениот обвинет, кој освен за тешки дела против општата сигурност, е обвинет и за примање поткуп.

Според Основното јавно обвинителство тој се товари дека примал поткуп и изготвувал лажни службени исправи, при што, според Обвинителството, зел 226.000 денари или над 3.600 евра за да издаде фалсификувана дозвола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ќелија на обвинет за трагедијата во Кочани најдени 13 мобилни и лап топ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести