Како што објави еМагазин неодамна винарската визба Тиквеш АД Кавадарци ќе откупи 100% удели во неколку друштва.
Купувањето е одобрено на Собранието на акционери кое се одржа на 11. ноември, информираа од винаријата преку Македонската берза.
Винаријата ќе го купува друштвото за земјоделие, преработка и промет Агро Вардарие ДООЕЛ увоз-извоз Гевгелија, со седиште на Граничниот премин Богородица/Терминал за цена од 1.585.000 евра.
Ќе го купува и друштвото за производство и трговија М-6 Еден грин ДООЕЛ Скопје, со седиште во Скопје, за цена од 115.000 евра.
Ќе го купува и друштвото за производство и трговија на вино, ракија, оцет и останати алкохолни и безалкохолни пијалаци Лепово ДООЕЛ Неготино, со седиште во Курија, Неготино, за цена од 1.130.000 евра.
Ќе го купува и трговско друштво за земјоделие и лозарство М-Шест аграр ДООЕЛ со седиште во Скопје за 11.550.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е најголемиот акционер во Тиквеш
Која е М-6 Еден која купи акции на Тиквеш за над 2,6 милиони евра
Синот на Светозар Јаневски, Јане, избран за претседател на НО на Тиквеш














