Трајко Славески избран за гувернер на Народната банка

Нов гувернер на Народната банка е Трајко Славески, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Тој беше единствениот кандидат за оваа функција, а во македонското Собрание беше избран синоќа, на неколку минути пред полноќ.

За негов избор гласаа 68 пратеници, а против беа 16.

За избор на гувернер е потребно просто мнозинство, од 61 пратеник.

Доаѓа на местото на Анита Ангеловска-Бежоска и ќе има мандат од 7 години.

Славески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, а на пошироката јавност и е познат како поранешен министер за финансии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Трајко Славески, предлогот за нов гувернер на Народна банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести