Трамп и Зеленски постигнале напредок во договорот за војната во Украина, нерешено прашање е Донбас

Напредок во договорот за завршување на војната во Украина, било постигнато на средбата помеѓу американскиот претседатл Доналд Трамп и украинскиот Володимир Зеленски во Мар-а-Лаго, во Флорида.

За најголем дел од точкиte имало договор освен за судбината на регионот Донбас, кое останува клучно нерешено прашање.

Трамп оцени дека прашањето за Донбас е тешко да се реши бидејќи дел од таа земја е земен, а дел пред освојување.

Пред средбата со Зеленски, Трамп имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, за кој тој не откри детали, истакнувајќи дека „Русија покажа мал интерес за прекин на огнот што би овозможил да се одржи референдум во Украина.“

Путин инсистира украинските сили целосно да се повлечат од Донбас, додека Трамп предлага формирање слободна економска зона.

Американските и украинските преговарачи повторно ќе се сретнат следната недела со цел да се стави крај на речиси четиригодишната војна, а за успехот на преговорите ќе се знае за неколку недели.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести