Холандско-француската нискобуџетна авио компанија „Трансавија“ го укинува летот од Скопје до Амстердам, Холандија, кој беше воведен на 2. март годинава.
Како што информираа од компанијата летот нема да биде обновен ни следната година.
„‘Трансавија‘ нема да ја оперира линијата Скопјe-Амстердам во претстојната летна сезона. Сепак, ние постојано ја разгледуваме нашата мрежа и ги оценуваме можностите врз основа на побарувачката и оперативните аспекти“, вели портпаролот на „Трансавија“, Ферле ван дер Бринк за порталот Сакам да кажам.
Последниот лет е закажан за 26. октомври.