Судскиот процес со родилката Јалдз Веапоска од Дебар, конечно доби завршница по три ипол годишна судска сага низ која помина оштетената, која при царски рез во болницата во Струга остана без здрави матка, јајник и бубрег.
„Судот обвинетиот Мухамед Асани го прогласува за виновен, и му изрекува ефективна казна затвор во траење од три години, која што е максимална предвидена за ова кривично дело, а по издржување на казната затвор му изрекува споредна казна забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од пет години“, кажа судијата Јордан Jованов при изрекувањето на пресудата.
Второобвинетиот Блертон Асани, син на Мухамед Асани, кој тогаш бил специјализант по гинекологија и третообвинетата лекарка Лилјана Јованоска, добија ослободителни пресуди.
Веапоска е задовола од изречената казна, но смета дека вина во случајот има и второобвинетиот, кој како специјализант присуствувал при вршењето на царскиот рез.
Фото: Unsplash













