Како работеше Tриглав Осигурување во првото полугодие

Tриглав Осигурување АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил нето добивка од 70,9 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Нето приходите од премија за овој период изнесуваат 568 милиони денари, и истите се зголемени за 5%, споредено со истиот период лани.

-Гледано аналитички, причините за растот се: раст на бруто премијата за 63 милиони денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата. Значаен раст се забележува во класите за здравствено осигурување (раст од 34 милиони денари) и осигурување на кредити (раст од 25 милиони денари), раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 1 милиони денари, што делуваше негативно на нето премијата, промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2024 година, влијаеше негативно за 33 милиони денари, велат од таму.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 35 милиони денари и се за 11% повисоки од 2024 година, генерално поради зголеменото портфолио на Друштвото.

-83% од овие приходи се однесуваат на камати, а 3% се однесуваат на приходи од наемнини. Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од курсни разлики и реализирани добивки од продажба на финансиски вложувања.

Во овој период имаме и наплата на застарено побарување во износ од 1 милион денари, велат од таму.

Приходите по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 63 милиони денари и се пониски за 7 милиони денари, односно за 10% во однос на 2024 година, поради пониски провизиски стапки на предадената премија (различна структура), посочуваат од таму.

-Oстанатите осигурителни приходи, заедно со останатите приходи се зголемени за 12% (1 милион денари) поради повисоки затезни камати од добиени судски спорови за регреси, велат од таму.

Нето расходите за штети се во износ од 225 милиони денари и се за 20% пониски од минатата година.

-Гледано аналитички, причините за падот се: раст на бруто ликвидираните штети за 28 милиони денари, што делуваше негативно на нето расходите за штети, раст на бруто ликвидираните штети под реосигурување за 25 милиони денари, што делуваше позитивно на нето расходите за штети, промена во нето резервите за штети во споредба со 2024 година, влијаеше позитивно за 58 милиони денари, останатите технички резерви се за 1 милиони денари зголемени поради зголемените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода), трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 21 милиони денари и се повисоки за 3 милиони денари во однос на минатата година, во согласност со зголемената премија, велат од таму.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести