Од Триглав осигурување живот АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на 16. октомври е спроведена трансакција со која акционерот Триглав осигурување АД Скопје, кој поседуваше 20.000 обични акции во Триглав осигурување живот, односно 14,29% од издадените обични акции, извршил продажба на истите.
-По спроведената трансакција, единствен акционер во Триглав осигурување живот станува Триглав ИНТ холдинска дружба ДОО Љубљана, Словенија, велат од таму.