Трошоците за живот во декември се зголемиле за 319 денари, во однос на ноември, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за синдикалната минимална кошница. Нејзината вредност во декември изнесувала 65.492 денари, а во ноември 65.173 денари.
Во декември за храна и пијалаци се потребни 23.640 денари, за Образование 7.159 денари, за Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 денари, Облека и обувки 5.875 денари, Транспорт 4.636 денари, Ресторани и хотели 4.131 денар, Комуникации 3.417, Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.620 денари.
Со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80.867 денари.
Фото/Unsplash














