Trussardi – симбол на италијански стил и современ луксуз – пристигна во 52 Concept Store, Ramstore Mall. Новата есен/зима ‘25 колекција нуди парчиња инспирирани од визијата Gentle Society и Gentle Denim.
Основан во 1911 година во Бергамо од страна на Данте Трусарди како занаетчиска работилница за кожни ракавици, брендот брзо стекнува меѓународно признание благодарение на беспрекорниот квалитет, техничката умешност и суптилниот стил. Под водство на Никола Трусарди во 70-тите години, малата работилница прераснува во вистинска Maison – со проширена понуда од чанти, аксесоари и прет-а-порте колекции, а симболот на брендовите останува грејхаундот – знак на елеганција, динамика и доследност.

Во текот на 80-тите и 90-тите, Trussardi станува симбол на италијанскиот lifestyle, со модни ревии во култни локации во Милано, соработки со познати брендови и ширење на својата деним линија Trussardi Jeans. Денес, под капата на Miroglio Group, брендот ја гради својата иднина како инклузивна, свесна и отворена модна куќа што ја негува визијата на Gentle Society – елеганција која зборува преку култура, материјали и човечност.
За жените, линијата на достапни производи од брендот Trussardi ја претставува својата препознатлива страна – кожните аксесоари. Создадени со внимание кон материјалот и линијата на дизајнот тие воцелост ја претставуваат елеганцијата на брендот на суптилен, но моќен начин.

Gentle Society & Gentle Denim
Кампањата, снимена од фотографот Квентин де Бриe, ја отсликува новата филозофија на Trussardi: автентичност, непосредност и суптилна елеганција. Кожата и денимот се во фокусот, претставени во современи и софистицирани силуети. Колекцијата Gentle Denim, достапна за мажите пак, ја реинтерпретира класичната ткаенина – од суров и утилитарен материјал во рафиниран симбол на ненаметлива елеганција, со нежна текстура, удобност и префинет изглед.

Trussardi не е само мода – тоа е визија за свет во кој убавината и добрината се дел од секојдневието.
Откријте ја колекцијата есен/зима ‘25 во 52 Concept Store, Ramstore Mall и станете дел од Gentle Society.
ПР-објава