Турист од Босна и Херцеговина починал на плажа на брегот на Охридско Езеро, информираа од Министерството за внатрешни работи.
„На 17-ти јули 2025 година, во 14:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското Езеро, во ЈЗУ Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид бил донесен починат 65-годишниот М.С. од Босна и Херцеговина.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција,“ информираа од СВР Охрид.
Фото: Unsplash