Расте бројот на странски туристи во Македонија

Бројот на туристи во август годинава во Македонија изнесува 226.179, кои оствариле 846.221 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.

Од нив 48% биле домашни туристи, а 52% странски туристи.

Бројот на ноќевањата изнесува 846.221, од кои 73.4% се од домашните туристи, а 26.6% од странските туристи.

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6.8%, односно кај домашните туристи има намалување за 1.4%, а кај странските има зголемување за 11.6%. 

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1%. Кај домашните туристи има намалување за 4%, а кај странските има зголемување за 8.1%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести