Турскиот државјанин кој почина на Клинички бил градежн работник, паднал од објект во Стопански двор

Турскиот државјанин М.А.О. (61), кој вчера со тешки повреди беше донесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна почина, бил градежен работник, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турски државјанин почина на Клинички откако со возило бил донесен со тешки повреди

Од таму велат дека несреќата се случила додека М.А.О. работел на градилиште во населбата Стопански двор, од каде паднал од висина.

Тој на Клинички беше донесен со возило „хонда сивик“ од непознато лице, кое само го оставило и си заминало.

Полицијата го пронашла и него. Станува збор за лицето Х.М..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести