Како работел Тутунски комбинат Прилеп во третиот квартал

Тутунски комбинат АД Прилеп во првите девет месеци од годинава остварил добивка од 1.098 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Лани во истиот период Комбинатот имаше загуба од 117.729 илјади денари.

-Оперативните приходи се зголемени од 547.657 илјади денари на 1.115.870 илјади денари. Зголемувањето на оперативните приходи е резултат на зголемувањето на приходите од продажба  на домашниот пазар од 128.317 на 508.169 илјади денари, велат од таму.

Оперативните расходи се зголемени од 678.089 илјади денари на 1.134.014 илјади денари.

-Зголемувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“, велат од таму.

Финансиските приходи се зголемени од 33.939 илјади денари на 41.307 илјади денари споредено со претходниот период.

-Се однесуваат на финансиски приходи од односи со поврзани друштва.

Финансиските расходи изнесуваат 26.975 илјади денари, што претставува мало зголемување во однос на претходниот период, кога изнесувале 22.298 илјади денари.  

Ова зголемување на финансиските расходи се должи пред се на зголемувањето на расходите по основ на камати од работењето со неповрзани друштва и расходите по основ на курсни разлики од работењето со неповрзани друштва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тутунски комбинат Прилеп со добивка во првото полугодие

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести