Уапсен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

Синоќа е уапсен Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител.

Денеска се очекуваат официјални информации зошто е уапсен, а дел од медиумите објавија дека е осомничен за поткуп.

Истрагата за случајот во кој е осомничен ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Стафа беше државен правобранител од август во 2018 година до 23 август 2022 година кога беше разрешен.

Државниот правобранител го назначува Владата.

Фото: Државно правобранителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести