Убава вест: Средствата се собрани, Томба се враќа од Малта дома да продолжи со рехабилитација

Потребните средства за транспортот на Никола Николовски-Томба да се врати од Малта, за да продолжи со заздравување во Македонија, се целосно собрани, по сите канали.

„Вашата солидарност, донации и споделувања направија нешто големо – му овозможивте да се врати во Македонија, каде што ќе ја продолжи рехабилитацијата со поддршка од семејството и пријателите. Кога сме заедно – можеме сè. Ви благодариме на сите што бевте дел од оваа мисија,“ велат од ecrowdmk.

Николовски заминал да работи во Малта да работи, но таму доживеал мозочно крварење поради руптура на крвен сад и пет месеци беше во болница.

Неговата состојба е стабилна, но потребна му е рехабилитација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да му помогнеме на Томба да се врати дома: Заминал во Малта на работа, доживеал мозочно крварење

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести