Угостителските услуги во август поскапи за 5,3%

Цените на угостителските услуги во август 2025 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 4,9%, а во однос на претходниот месец пак, за 0,1%, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – август 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5,3%.

Цените на храната во угостителските објекти во август 2025 година во однос на август 2024 година се повисоки за 7,8 отсто, на алкохолните пијалоци за 9,4 отсто и на безалкохолните пијалоци за 6,2 отсто.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести