(Видео) УЈП ги достави годишните даночни пријави, како да ги проверите

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека во законскиот рок 30. април 2026 година, заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто изгенерирани се вкупно 862.896 даночни пријави.

Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП.

Согласно законските одредби, секое физичко лице кое во текот на 2025 година остварило доход има обврска да ја провери и потврди годишната даночна пријава доколку податоците се точни и е опфатен целиот остварен доход за претходната година, да ја дополни со доходот кој не е опфатен или да ја коригира доколку утврди дека некој од износите не е точен.

-Во оваа насока, ги повикуваме сите граѓани, најдоцна до 31.05.2026 година, да направат увид во ДЛД-ГДП на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и сè уште не се регистрирани на системот „е-Даночни услуги“, за да може да изврши увид во својата ДЛД-ГДП, во најкраток можен рок потребно е да се регистрираат на системот„е-Даночни услуги“, велат од таму. 

По истекот на законскиот рок за потврдување на годишните даночни пријави, пријавите кои не се потврдени/коригирани ќе се сметаат за конечни.

Годишните даночни пријави кои се коригирани од страна на физичките лица, треба да се одобрат од страна на службено лице од Управа за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2025 година.

Обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот и да ја внесат својата трансакциска сметка.

Кај обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава.

За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход, плаќање и враќање на данок можете да се обратите на [email protected], или на некој од контакт телефоните во Контакт центарот: 02 3253 200 или на 0800 33 000 (само од фиксни оператори).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести