Украина се откажува од членство во НАТО, што е и едно од барањата на Русија, за завршување на војната.
Информацијата денеска ја соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Аспирацијата на Украина да стане дел од Алијансата е дел и од Уставот на земјата, а засега земјата не согласува и да и отстапи на Русија нејзини територии, што е исто така едно од најважните барања на Москва.
Во замена за НАТО, Зеленски бара безбедносните гаранции од САД, Европа и другите партнери.
-И ова е веќе компромис од наша страна, изјави тој, посочувајќи дека безбедносните гаранции треба да бидат правно обврзувачки.
Фото: МО













