Уметникот Арсовски доби благодарница од Општина Куманово, за посебни постигнувања од областа на култура и уметност

На годинашнава свечена седница на Општина Куманово по повод „11 Ноември” денот на ослободувањето на Куманово, Градоначалникот Максим Димитриевски додели Признанија на истакнати личности од различни области и професии, кои дале свој личен допринос во општеството.

Годинава Благодарница за високото општествено признание за посебни постигнувања од областа на култура и уметност Градоначалникот на Општина Куманово, му додели на Академскиот ликовен уметник м-р Зоран Арсовски – Бабата.

Арсовски е современ авангарден визуелен уметник кој има реализирано многу Меѓународни самостојни изложби и проекти. Исто така има учествувано на повеќе групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми, како и уметнички фестивали во земјава и странство. Арсовски  има изградено свој оригинален и уникатен сликарски стил препознатлив во уматноста.

Тој е познат по неговите концептуални изложби и дела кои секогаш ги претставува преку визуелните сцени создавајќи нови теми на сликарското платно кои даваат еден широк поглед на светот и се што се случува во него. Тоа е она за кое многумина историчари на уметноста го вбројуваат во уметници кои делата ги создава со многу енергија и филозофски погледи кон иднината. Остварил многу значајни проекти и изложби од област на култура и уметност преку кои повеќепати ја претсавувал нашата држава Македонија и Општина Куманово во домашни и светски рамки. За својата работа има добиено повеќе награди, плакети, дипломи, благодарници и признанија.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести