Универзалната сала треба да биде завршена до 2027, градежните работи се планира да почнат кон крајот на септември

Министерот за клутура и туризам, Зоран Љутков, денеска најави дека до крајот на 2027 година треба да биде завршена реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје и таа да биде пуштена во употреба.

До крајот на неделата тој најави дека ќе биде распишан тендерот, а градежните работи треба да почнат до крајот на септември, доколку се оди по предвидената законска регулатива.

За реконструкцијата се предвидени околу 20 милиони денари, распределени во три години.

Фото: Министерство за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести