Вчера попладне во неколку часовна посета на Македонија беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во Скопје ја заврши кратката посета на земјите од Западен Балкан.
Таа во Македонија за разлика од другите земји кои ги посети не даде изјава, како и што беше најавено, а имаше средба со премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, Африм Гаши и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Од Владата информираа дека на средбата се разговарало за “европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација“.
-Ја истакнав решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди. Посочив дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.
Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата, кажал Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пристигна во Македонија
Фото: Влада