Урсула фон дер Лајен пристигна во Македонија

Во Скопје попладнево пристигна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која со посетата на Македонија ја завршува својата кратка турнеја по земјите од Западен Балкан.

На скопскиот аеродром ја пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а таа ќе има средби со премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Не е предвидено да дава изјави.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести