Уште гори на Јасен: Активни два, а под контрола еден пожар во Македонија

Во Македонија утрово се активни два пожари, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде гори мешана шума и во Општина Јегуновце, помеѓу селата Рогачево и Јажинце, каде горат пасишта.

Под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод кај селата Девич и Грешница, каде гори ниска вегетација.

Во последните 24 часа се изгаснати 26 пожари.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести