Уставниот суд пресече дека системот „Сејф сити“ останува во функција, и ги oтфрли сите иницијативи со кои уставно и законски се оспоруваше новиот електронски систем.
За подносителите на иницијативите беше спорно тоа што во службената комуникација на Министерството за внатрешни работи (МВР) со граѓаните не се користи и албанскиот јазик како службен јазик во државата, тоа што системот се спроведува само во Скопје, Тетово и во Куманово како и тоа што со овој проект се наметнува законска обврска на сите граѓани да имаат личен телефонски број и електронска адреса.
Според судиите, системот не предизвикува нееднаквост на граѓаните на начин на кој го наведоа подносителите на повеќе иницијативи, нема доволно основ за укинување на оспорените одредби и дека системот може да продолжи да функционира.
Фото: МВР














