Утрово во Македонија има два активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Се уште е активен пожарот во Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде гори мешана шума, а активен пожар има и во Општина Струга, во Октишка краста, каде гори ниска вегетација.
Под контрола се три пожари: во Општина Сарај во селото Радуша кон селото Дворце, каде гори ниска вегетација, во Општина Арачиново, каде гори ниска вегетација и во Општина Демир Хисар, во селото Мало Илино, каде гори дабова шума.
Во последните 24 часа се изгаснати 20 пожари.
Фото: АРМ