Вабтек МЗТ со загуба во првото полугодие

Вабтек МЗТ во првите шест месеци од годинава остварил оперативни приходи во износ од 1.308.519 илјади денари, кои бележат намалување од 9% во однос на истиот пресметковен период од минатата година, информираат од таму преку Македонската берза.

-Во структурата на оперативните приходи приходите од продажба на домашен пазар бележат зголемување од 10% во споредба со истиот период од минатата година, додека приходите од продажба на странскиот пазар бележат намалување од 9% во споредба со истиот период од минатата.

Останатите оперативни приходи бележат зголемување во споредба со истиот период од мината година.

Вкупните оперативни расходи во пресметковниот период јануари-јуни од деловната 2025 година изнесуваат 1.643.895 илјади денари и бележат зголемување за 24% во однос на истиот период од минатата година.

Промената на вредноста на залихите во пресметковен период од деловната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира ставка во износ од 312.503 илјади денари и Друштвото оствари оперативна загуба на износ од 22.873 илјади денари.

Остварената оперативна загуба во пресметковниот период од деловната година е негативна, во однос на истиот пресметковен период од минатата година каде е позитивна.

Финансиските расходи во пресметковниот период од деловната година се поголеми од финансиските приходи од деловната година во износ од 44.802 илјади денари, што од своја страна го зголемува нето финансискиот ефект од работењето на Друштвото и Друштвото оствари загуба од редовно работење на износ од 67.675 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вабтек МЗТ ќе го зголемува капиталот со јавна понуда на втора емисија акции

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести