еМагазин на патување по Медитеранот: Величенствената Валета

Патувањето по Медитеранот го завршив каде и што го почнав – во островската земја Малта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Во Малта се е под конец

Последниот ден од патувањето првенствено го посветив на главниот град на Малта, Валета.

Како и повеќето места шти ги видов на оваа патување и главниот град на Малта е заштитен од УНЕСКО. Пешачењето низ Валета е како да сте во некое друго време и за разлика од другите делови на Малта кои претходно ги видов, е многу пошарена и динамична.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Плажите на Малта

Градот е сместен на северната страна на островот Малта, стратешки поставен во поголемо природно пристаниште.

Како и цела Малта и Валета има средоземна клима, со многу топли и суви лета и благи и дождливи зими. Средната годишна температура е 21°С.

Патувањето по разгледувањето на Валета, го завршив во една од работничките населби на Малта, каде претежно живеат работници од странство. Го започнав истото во друштво на Македонци кои живеат и работат таму, а го завршив повторно со други Македонци, кои неколку години се овде.

Случајно запознав и Македонец кој носел работници од земјава таму. Ми рече дека интересот за работа во Малта спласнува и кај Македонците и Србите, од проста прична што некои од работите се плаќаат по 5 евра од час, а Малта е поприлично поскапа од Македонија.

Искрено и јас незнам дали некогаш повторно би се вратил во Малта. Во Италија сугурно!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Лекција од Ното за Охрид како се чува статусот на УНЕСКО

(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Dancing on the street во Катанија во Сицилија

(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Плажите во Сиракуза

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести