Во македонското Собрание денеска беше констатирана оставката на пратеникот Сулим Сулејмани од крилото на Арбен Тарвари од поделената Алијанса за Албанците (АА).
Како што е познато тој поднесе оставка и од сите функции во АА на Тарвари, откако тој одлучи самостојно да настапи на престојните локални избори и излезе од коалицијата „Вреди“ и од Владата.
На негово место во Собранието доаѓа Ваљбона Адили Емини од „Вреди“, со што бројот на пратеничката група на коалицијата се зголеми од девет на десет.
Од Државната изборна комисија констатираа дека Емини го прифаќа мандатот и за тоа ќе го извести Собранието.
Фото: Емини/Фејсбук