Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче со завршните зборови на одбраната

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

На денешното рочиште одбраната на обвинетите треба да продолжи со завршните зборови, кои започнаа на претходното.

Обвинети се Љупчо Палевски Палчо, кој е првообвинет, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски.

Сите се изјаснија за невини.

Ѓорчевска и Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември, а на 3. декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ослободителни пресуди за Кешишев, Манев, Видевски и Ѓорчевски за убиствoто на Вања и Панче, бара одбраната

Доживотна казна затвор за Палевски, Манев, Видевски и Кешишев, а за таткото на Ѓорчевска, соодветна затворска казна, побара Обвинителството

Мајката на Вања и ќерките на Панче побараа отштета и доживотен затвор за обвинетите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести