Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираше дека вчера биле евакуирани четири македонски државјани – мајка и три деца, со лет од Тел Авив, Израел до Атина, Грција.
„Заклучно со денес, вкупниот број на евакуирани македонски државјани изнесува 12 лица – осум преку Египет со владин авион и четири преку Атина. Најголемиот дел од евакуираните се деца – седум.
Согласно информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, и имајќи го предвид прекинот на огнот во сила од 24. јуни и стабилизирањето на безбедносната состојба, државјаните кои првично беа подготвени за итна евакуација во моментов го одложуваат своето заминување.
Рестрикциите поврзани со конфликтот со Иран се укинати, а училиштата, институциите и продавниците повторно функционираат.
Министерството, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во редовна комуникација со сите граѓани кои изразиле интерес да го напуштат Израел, доколку повторно се јави потреба, и ќе продолжи навремено да ја информира јавноста,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Иран нападна американска база во Катар, Трамп објави дека договорил примирје