Вечерва бесплатен концерт на Александар Тарабунов и камерниот оркестар – „Центарска симфонија“

Вечерва во Скопје, на плочникот кај Градски ѕид (Клуб на новинари, позади Соборниот храм) со почеток од 20:00 часот, ќе се одржи манифестацијата „Центарска симфонија“ на која македонскиот пејач Александар Тарабунов и камерниот оркестар ќе ги интерпретираат најпознатите мелодии од македонската и светската кинематографија, специјално аранжирани во ново, симфониско руво.

Меѓу нив се и култните музики од „Исправи се Делфина“, „До Балчак“, како и новата песна на Тарабунов „Заедно“, која за првпат ќе биде изведена со камерен оркестар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Александар Тарабунов објави нова песна – „Заедно“ 

Настанот е во организација на Општина Центар, во партнерство со МГ Мјузик продукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести