Вечерва на Кеј Македонија во Охрид започнува Ohrid Wine Festival Vol. 5, тридневен настан кој од 25 до 27. јуни ќе ги обедини македонските вина, домашната музичка програма, гастро понудата и летната атмосфера покрај езерото.
Фестивалското дружење започнува во 19:00 часот, додека музичките настапи стартуваат еден час подоцна.
Првата фестивалска вечер носи настапи на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија, со програма наменета за различни генерации и публика која сака музика, дружење и вечерно излегување во Охрид.
Во текот на трите вечери, посетителите ќе имаат можност да дегустираат исклучиво македонски вина од домашни винарии и производители. Со тоа, фестивалот го става во фокус домашното винско производство и создава простор за промоција на македонскиот квалитет пред охриѓани, туристите и посетителите кои во овој период престојуваат во градот.
Програмата продолжува на 26. јуни со Брос Марама, Ѓоко Ѓорчев со Кате Танева, Куку Леле и Пауза за ракија.
На 27. јуни, завршната вечер ќе настапат Солзи и Смеа, DJ Fic, Битолски камерен оркестар и Суперхикс.
Ohrid Wine Festival Vol. 5 ќе се одржува на Кеј Македонија, каде што посетителите во следните три вечери ќе можат да уживаат во вино, музика, храна и дружење во отворен летен амбиент покрај езерото.
Организаторите упатуваат покана до охриѓани, туристите, посетителите и сите љубители на виното, музиката и летната атмосфера да бидат дел од фестивалот кој вечерва започнува во Охрид.
Промотивна објава














