Категорија: јуни 25, 2026

Волци во скопската Зоолошка изеле кенгури и ему птици, откако избегале од нивното живеалиште

Уште една лоша вест од Зоолошката градина во Скопје. Како што објави порталот Петс.мк., бели волци избегале од нивното живеалиште и и усмртиле четири кенгури и неколку ему птици. Тие наводно во саботата успеале да ископаат дупка под нивното живеалиште и да избегаат, а на вработените им требало неколку часа

Прочитај повеќе

(Видео) Испишана историја: Лина Ѓорческа прва тенисерка од Македонија која ќе игра на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон. Со тоа таа стана првиот македонски тенисер или тенисерка што ќе настапи во сингл-конкуренција на главен жреб на еден гренд-слем турнир. Ова и е најголем успех во кариерата на Ѓорческа, која до сега се обидуваше во

Прочитај повеќе

Камерите на „Безбеден град“ веќе снимаат во Охридскиот регион

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид информираа дека од денеска, електронскиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“, кој официјално стартуваше од 01.02.2026 година, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид. -Денеска, по извршеното финално тестирање,  стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај

Прочитај повеќе

Од МЕПСО го прифаќаат извештајот на ДЗР, веќе спроведувале мерки за отстранување на „затекнатите слабости“

Од државното акционерско друштво МЕПСО информираа дека го прифаќаат извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето во 2024 година и посочуваат дека веќе презеле мерки за отстранување на утврдените слабости, кои, како што наведуваат, во голем дел потекнуваат од претходни раководства.  Од таму нагласуваат дека новото раководство немало

Прочитај повеќе

Соседна држава, членка на ЕУ, лобира Македонија да не добива европски пари, кажа Мицкоски

Од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека соседна земја, која не ја именуваше, а кој била членка на Европската унија (ЕУ), ширела информации и лобирала, Македонија да не добива пари од европските фондови. Целта според него, била земјава да банкротирала и да ги прифатила сите барања. За тоа

Прочитај повеќе

„Пулс“ почнала да работи без исполнување на минималните услови за работа и продолжила така уште 12 години

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, Основното јавно обвинителство продолжи со изведување на материјални докази. Од таму меѓу друго презентираа докази од Министерството за економија и труд, од Секторот за туризам и угостителство, кои според Обвинителството, покажуваат дека т.н. дискотека во 2012 година почнала со

Прочитај повеќе

Евтина струја од 11 до 15 часот и во сабота: РКЕ анализира промена на тарифниот модел

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) започнала анализи за можна промена на тарифниот систем за начинот на кој домаќинствата плаќаат струја, информираа од таму. Според претседателот на РКЕ, Ацо Ристов зголеменото производство од обновливи извори, особено од сончеви и ветерни електрани, создавало

Прочитај повеќе

(Видео) Најмалку 164 лица загинаа во земјотреси во Венецуела, се стравува дека има илјадници мртви

Во два земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала во Венецуела загинаа најмалку 164 лица, а се стравува дека има илјадници мртви. Земјотресите се случија синоќа околу 18 часот по локално време во рок од една минута. Најмногу е погодена областа Ла Гваира, северно од главниот

Прочитај повеќе

Ален Милковски од Куманово е добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Фондацијата „Фросина Кулакова“ информира дека добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година е Ален Милковски од Куманово. Стипендијата е основана во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова, со цел нејзината љубов кон уметноста, креативноста и убавината да продолжи да живее преку поддршка на нови генерации талентирани млади автори.

Прочитај повеќе

Викендов нè очекуваат пеколни температури

За време на викендот и почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени. Во вторник ќе се задржи топло време, но

Прочитај повеќе

Ако до 1. септември ЕК не им го реши проблемот, 100 илјади превозници од Западен Балкан ќе протестираат

Иако имаше бројни најави, проблемот за престојот на професионалните возачи од Западен Балкан во Шенген зоната се уште не е решен. Денеска во Скопје нивните преставниции имаа регионален состанок на кој се договорија дека ќе чекаат до 1. септември, за кога во Брисел, Белгија, е закажан состанок на повисоко ниво

Прочитај повеќе

Од каде има најмногу туристи во јуни во Македонија

Државниот завод за статистика соопшти дека во јуни 113.436 туристи во Македонија оствариле 221.608 ноќевања. Од вкупниот број, 22.8% се домашни, а 77.2% се странски туристи.  29.2% од ноќевањата се од домашните туристи, а 70.8% од странските туристи. Во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на истиот период

Прочитај повеќе

Бесплатен DIGIWORK настан за фриленсери и креативци на 13. август во Семос Едукација

Семос Едукација и Импакт Фондација на 13. август го организираат DIGIWORK настанот „Твоја идеја, твои права – Авторски права за креативни фриленсери“, наменет за фриленсери, претприемачи и професионалци од креативните и дигиталните индустрии. Настанот е прва заедничка активност по неодамнешното потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу двете организации, со кој

Прочитај повеќе

Девизните резерви на Македонија во јули над 5 милијарди евра

Податоците на Народната банка покажуваат дека девизните резерви на Македонија на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра. Во однос на претходниот месец тие бележат зголемување за 74,4 милиони евра. Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност – 71,1%, по што следуваат монетарното злато со 15,6%

Прочитај повеќе

Во четврток и петок пониски температури со пороен дожд и грмежи

Во четврток и петок ќе има пад на дневните температури, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места се можни и поинтензивни врнежи за кратко време. По периодот

Прочитај повеќе

21-годишна девојка од Шведска пријавила дека велешанец ја силувал во ноќен клуб во Охрид

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 10.8.2026 година во 18:30 часот во Охрид, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид го лишиле од слобода К.С. (33) од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело Силување.  -Претходно, во 14.35 часот во СВР Битола, 21-годишна девојка

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести