За време на викендот и почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени.
Во вторник ќе се задржи топло време, но ќе има зголемување на облачноста со услови за пороен дожд.
Во среда ќе има мал пад на температурите и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Фото: Unsplash














