Српскиот бизнисмен Давор Мацура, кој е дел од Надзорниот одбор на Алта банка АД Битола и е краен сопственик на Алта банка АД Белград, Србија, која е сопственик на Алта банка Битола, повторно е во фокусот откако стана единствен акционер во Алта осигурување АД Скопје, поранешна ЗОИЛ Македонија АД Битола, која ја купи српската Алта груп.
Имено како што веќе пишуваше еМагазин, тој се стекна со 100% од акциите на Алта осигурување Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Давор Мацура
Роден е на 6.10.1981 година.
Од 2022 година тој е Доктор на науки по менаџмент и бизнис, а докторирал на Универзитет „МБ“ во Белград, Србија, стои во неговата биографија објавена преку Македонската берза од страна на Алта банка Битола.
Магистер на науки станал во 2016 година, на Универзитет “Унион – Никола Тесла” во Белград.
Тој е дипломиран економист. Дипломирал на Универзитет „Едуконс Сремска Митровица“ – Факултет за економија, во 2014 година.
Тој е актуелен претседател на НО на Алта банка Белград. Претседател на НО е и во Алта лизинг ДОО Белград.
Во АБЛ Солвент ДОО Белград е директор.
Тој е и претседател и застапник на Здружението на менувачи на Србија и Белград.
Краен сопственик на Алта банка Белград сопственикот на Алта банка Битола
Тој е индиректен краен сопственик на Алта банка Белград, каде поседува 95,13% од акциите. Алта банка Белград е сопственик на Алта банка Битола (поранешна Стопанска банка Битола).
Сопственик на Алта банка Белград е Алта Груп ДОО Белград, каде единствен сопственик е тој.
Алта банка Белград е сопственик и на Алта лизиг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се новите членови на Одборот на директори на Алта осигурување Скопје
Српска Алта група нов сопственик на ЗОИЛ Македонија Битола
Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола
Фото: Алта груп














