Евтина струја од 11 до 15 часот и во сабота: РКЕ анализира промена на тарифниот модел

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) започнала анализи за можна промена на тарифниот систем за начинот на кој домаќинствата плаќаат струја, информираа од таму.

Според претседателот на РКЕ, Ацо Ристов зголеменото производство од обновливи извори, особено од сончеви и ветерни електрани, создавало потреба од нов пристап кон потрошувачката на струја.

Во моментов најголем дел од зелената енергија се произведува во текот на денот, кога берзанските цени често се пониски поради поголемата понуда. Анализите покажуваат дека периодот од 11 до 15 часот би можел да биде погоден за поевтина струја за домаќинствата.

Како една од можностите се споменува продолжување на периодот со поевтина електрична енергија, како и воведување евтина тарифа во сабота. Истовремено се разгледува и промена на постојниот модел на блок тарифи.

Од РКЕ потенцираат дека сегашната ноќна евтина тарифа можеби повеќе не одговара целосно на реалната состојба на пазарот. Причината е што во вечерните часови, кога традиционално важи пониската тарифа, цените на пазарите често се повисоки.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести