По нападот на САД на Венецуела и заробувањето на сега веќе поранешниот претседател на државата, Николас Мадуро, резервите на нафта на земјата се во фокусот на светската јавност.
И самиот американски претседател Доналд Трамп, призна, дека една од причините за нападот и смената на власта се токму резервите на нафта на Венецуела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе „управува“ со Венецуела до транзиција на власта, Американци ќе продаваат венецуелска нафта
Да потсетиме дека пред неколку децении и Американции управуваа со нафтени компании во Венецуела, но тие беа национализирани од властите во земјата.
Сега Трамп најавува враќање на американските компании во земјата, и инвестиции во инфраструктурата, која е главната причина зошто Венецуела има мало производство на нафта и покрај големите резерви.
Колку нафта има Венецуела
Венецуела има околу 303 милијарди барели докажани резерви сурова нафта, што ја сврстува во најбогатите земји во светот со оваа суровина.
Докажаните резерви се количини што се сметаат за економски исплатливи за експлоатација со постојната технологија.
Клучниот проблем е што најголемиот дел од венецуелската нафта не е лесна и „слатка“, туку тешка и екстра-тешка сурова нафта, концентрирана во Појасот Ориноко.
Таквата нафта е погуста, бара посложени техники (вбризгување пареа, мешање со полесни суровини за да стане пазарлива) и по правило оди со дисконтирана цена во однос на полесните типови.
Тоа ја прави експлоатацијата поскапа и многу почувствителна на политички ризик, санкции, инвестиции и техничка логистика.
Мало производство
Едно е да имаш резерви, друго е истите да бидат експлоатирани.
Венецуела лани произведувала околу 1,1 милион барели дневно, далеку под историските нивоа. Во 1970-тите земјата имала производство до 3,5 милиони барели дневно.
Или преведено на земјата со децении и фали инфраструктура, но и пари за искористување на резервите.
Состојбата е таква поради недоволни вложувања и одржување, стареење на инфраструктурата, управувачки кризи во државната нафтена компанија PDVSA, ограничен пристап до капитал и технологија, како и меѓународни санкции што ги стеснија пазарите и финансиските канали.
Кој купува нафта од Венецуела?
Една од причините за малото производство е и што во изминативе децении постојано се менуваа купувачите.
САД историски гледано беше главен пазар, но во последната деценија купувачите се земји од Азија, а еден од најголемите купувачи стана Кина.
Токму тоа сакаат да го променат американските власти меѓу друго. Како што изјави државниот секретар на САД, Марко Рубио, на САД не и треба венецуелската нафта, „но нема да дозволи глобалните ривали и противници на САД да ги преземат ресурсите на Венецуела„.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не се сум виновен, јас сум претседател на Венецуела, кажа Мадуро пред федералниот американски суд
Која е Делси Родригез, в.д. претседателката на Венецуела
Кој е Николас Мадуро, кој го зароби САД
Фото: Унсплеш














