„Ветената земја“ со награда од публика на PriDox

Документарниот филм „Ветената земја“ во режија на Чендрим Ријани и во продукција на Triple S, на 3 јули 2025 ја имаше својата интернационална премиера во рамките на програмата PriDOX на PriFest – Prishtina International Film Festival, каде ја освои наградата од публика (Public Award – PriDOX), која што е и единствена награда за документарен филм која се доделува на фестивалот.

„Проекцијата се одржа на отворено, во прекрасниот простор на e.dh.e, каде што имаше одлични реакции од бројната публика, а коментарот за филмот беше дека се работи за „трогателен документарец што длабоко ја допре нашата публика, прикажувајќи еден помалку познат аспект на депортациите на Евреите од Скопско во 1943 година“,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести